Ако мислевте дека е многу комплицирано, воопшто не е. Всушност, може да се каже дека е еден од наједноставните десерти на сите времиња и најдобро од сѐ е што се прави многу брзо. Ви требаат само 15-20 минути, и тоа заедно со печењето.
Состојки:
5 јајца
200 г чоколадо за готвење
3 лажици шеќер
70 г путер
100 г брашно
Се разбира, за да си го оправда името, колачот треба да го сервирате со сладолед од ванила.
Приготвување:
Во еден сад ставете ги чоколадото и путерот да се растопат на тивок оган и постојано мешајте додека смесата не се соедини. Тргнете ја смесата од оган и оставете да се излади. Во друг сад изматете ги пенесто јајцата и шеќерот. Смесата со чоколадото додајте ја кај јајцата. Сите состојки помешајте ги со жица за матење, откако ќе се соединат додавајте го постепено и брашното.
Треба да добиете густа чоколадна смеса. Намачкајте ги калапите со путер и поросете ги со брашно па ставајте од смесата иста количина во сите 8 калапи. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 С од 7-10 минути. Не заборавајте дека внатрешноста треба да остане течна.
Послужете ги додека се топли со сладолед.