Сите придобивки од квасот од цвекло

Овој необичен пијалок со земјен вкус, слатко-солен, полн со здрави минерали, е здравје за нашиот организам.

0
191

Квасот од цвекло е пробиотски тоник што се добива со ферментација и е популаризиран во книгата за традиционална исхрана Nourishing Traditions.

Квасот е традиционален руски пијалок кој се прави од трева, ‘ржан леб со вода, сирило и малку сол. Честоати за подобрување на вкусот се користеле бобинки, јаболка и суво грозје.

Оваа верзија е направена исклучиво со цвекло, чии вкусови преовладуваат, што на некои луѓе не им се допаѓа.

Чистење на организмот

Овој квас е комбинација од сите здрави состојки на цвеклото и ферментираната храна, што го прави одличен тоник за чистење на организмот.

Цвеклото е познато како многу добар антиоксиданс, и содржи пигмент батацијанинс, кој е одговорен за неговата боја. Тој е многу добар како превентива за кардиоваскуларни заболувања, дијабетес и се тврди дека има антиканцерогени супстанции.

Ферментацијата ги подобрува сите хранливи својства, го зголемува нивото на ензими и витамини од групата Б. Исто така, ослободува добри бактерии кои го зајакнуваат имунитетот и го одржуваат дигестивниот систем здрав.

Ако сте загрижени поради употребата на сирило, нема потреба, тоа се култури од кои се прави сирење, јогурт, кефир и помагаат вашиот квасец да биде безбеден за употреба.

За квасот од цвекло ви требаат:

Сирило
2 лажици морска сол
Околу 1,5 кг свежо цвекло

Помешајте ги солта и сирилото со неколку лажици вода додека не се растворат целосно.

Измијте ги цвеклата, излупете ги, исечете ги на парчиња и ставете ги во сад за ферментација, додадете ја смесата и преијте до врв, по можност, со филтрирана вода.

Оставете да ферментира, најмалку седум дена на собна температура пред да го користите.

Шолја од овој квас можете да користите за уште максимум две ферментации, додадете цвекло, вода и сол.

Овој квас треба да се зема секој ден со оброк, може да го мешате со кисела вода и мраз. Ова е препорака од нутриционист.

Рецептот е од ТУКА.