Фокача со рузмарин, лук и маслинки  

0
919

 

Состојки:

600 г бело брашно

100 г грахам брашно

5 лажици маслиново масло

1 квасец

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

400 мл вода

3-4 чешниња лук

100 мл маслиново масло

гранче свеж рузмарин

200 г маслинки

Приготвување:

  1. Квасецот го растопуваме со шеќер во млака вода, а кога ќе нарасне го мешаме со другите состојки и замесуваме тесто. Оставаме да нарасне.
  2. На набрашнета површина го истураме тестото од садот и го формираме изгледот на фокачата па ја ставаме во намрсена тава за печење и со прстите правиме вдлабнатини.
  3. На оган го ставаме маслиновото масло, а лукот ситно го сечкаме. Откако ќе се загрее маслото, го ставаме лукот само кратко колку да пушти мирис.
  4. Ја премачкуваме цела фокача. Наросуваме рузмарин и ги редиме маслинките.
  5. Ја оставаме да стаса околу 10-15 минути па ја ставаме да се пече во загреана рерна на 220 степени.