Иако пудингот и не е некој десерт за кој ни треба рецепт, не е на одмет по некоја идеја.
Значи, ако ви се јаде нешто благо, ама под итно, направете пудинг по рецептот на пакувањето и додадете малку искршени парченца кекси и некое парче овошје.
Ние додадовме кекси, ферментирани вишни, некое парченце чоколадо… и добивме пудинг делукс.
Ако немате ферментирани, вие можете да ставите смрзнати или вишни од компот.