За оваа диета заснована на суво овошје и црвено вино, велат дека е една од најпопуларните во светот. За пет дена се слабеело дури пет килограми.
Всушност, диетата е и наменета за употреба во период од три до пет дена, а за тој период ви помага да изгубите до пет килограми. Звучи навистина фантастично, но не сме испробале па не можеме да ви гарантираме дека е точно.
Можете да ја испробате сами такашто ќе подготвите посебна мешавина за слабеење.
За да ја направите, земете 100 грама различни суви плодови (сливи, кајсии, смокви) и измешајте ги со ореви и бадеми.
За време на диетата се дозволени кафе и зелен чај. Друга важна состојка во оваа диета е сувото црвено вино. Треба да пиете 100 милилитри на ден и најдобро е да го направите тоа после седум часот навечер.
Поделете го целото суво овошје на 10-12 порции и земајте по една секој час. Помеѓу оброците, пијте обична вода. Во вечерните часови се дозволени чаша црвено вино и последната порција со суво овошје.
Фото: Pexels