Наместо да вечерате нешто што ќе ви додаде килограми, а не можете да си легнете гладни, направете си ја оваа салата и гледајте како исчезнуваат килограмите.
Потребни ви се:
1 корен од целер
1 кисело јаболко
1 морков
1 грст ореви или печени бадеми
Прелив:
2 лажици сенф
3 лажици маслиново масло
сол и црн пипер
сок од 1 лимон
1 лажица мед
Приготвување:
Изрендајте ги целерот, јаболкото и морковот и измешајте. Направете прелив такашто ќе измешате сенф, маслиново масло, мед, сол и црн пипер. Прелијте ја салата, измешајте и додадете ореви или бадеми.
Фото: Pixabay