Состојки:
1 главица карфиол
2 лажици маслиново масло
Сол, бибер
Малку луто пиперче
70 г пармезан
Магдонос
Приготвување:
- Измијте го карфиолот и отстранете ги зелените листови.Раздвојте ги цветовите на помали парчиња и наредете ги во сад за печење.
- Додадете маслиново масло, сол, бибер и луто пиперче. Се добро измешајте.
- Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути, ставете пармезан и потпечете уште неколку минути. Кога ќе го извадите од рерна сервирајте го со исечкан свеж магдонос.