Збогатете ја вашата трпеза и испробајте нешто ново и невообичаено. Препорачуваме сладок компир-батат. Станува збор за тропско растение кое иако се нарекува сладок компир, нема никаква врска со компири.
Содржи многу скроб и многу малку маснотии. Задоволува голем дел од потребите во исхраната на луѓето затоа што има многу јаглехидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, манган, железо …).
Исто така, содржи голема количина бета каротен, кој често се нарекува провитамин А, бидејќи човечкото тело го претвора во витамин А.
Тој игра важна улога во одржувањето на здравјето на кожата и слузницата, бидејќи делува на клетките во нивните подлабоки делови.
Бета каротенот го стимулира имунитетот. Познат е како антиоксиданс кој е важен, меѓу другото, и за добро функционирање на мозокот.
Имено, глутатионот, кој се наоѓа во слаткиот компир, штити од Алцхајмерова и Паркинсонова болест, а исто така помага да се намали ризикот од рак и срцев удар.
Фото: Pixabay