Смуди за енергија, за детоксикација, за слабеење, за имунитет…

Луѓето се уште ги мешаат изразите па додека едни го викаат смуди, а други смути, сите заедно мислат на истото - здрав оброк во чаша за кој не треба многу време ниту за подготвување, ниту за џвакање.

0
527

Здравиот начин на исхрана е во тренд последнава деценија и секојдневно сме бомбардирани со информации за некоја нова супер здрава намирница. На оние кои се целосно обземени од овој тренд, автоматски не им е никогаш тешко да си подготват здрав оброк, а оние пак кои сакаат да се хранат здраво, но не сакаат да губат многу време ниту на правење, ниту на консумирање на храна, пијат смуди.

Одлично решение, нели?

А имате милион испробани комбинации за различни ефекти, од смуди за енергија и имунитет, до смуди за слабеење, детоксикација и подобра циркулација.

Еве неколку идеи:

Смуди од цвекло, морков и јаболко

Ова смуди направено од цвекло, моркови и јаболка е идеално за детоксикација на телото и враќање на енергијата, особено по физичка активност.

За него ви требаат:

1 помало цвекло
1 морков
1 јаболко
1 излупен лимон
0,5 см излупен корен од ѓумбир

Приготвување:

Излупете ги цвеклото сите состојки,  а цвеклото, морковот и јаболкото исечкајте ги на помали парчиња. Додадете малку вода и мешајте ги во блендер додека не се соединат. Ако напитокот излезе премногу густ, додадете малку повеќе вода, а ако е премногу редок, додадете уште јаболка.

Смуди со портокал и ѓумбир за зајакнување на имунитетот

Ѓумбирот, медот и портокалот се одлична комбинација што ќе го зајакне имунитетот и ќе помогне во борбата против сезонските болести!

Состојки:

сок од 2 портокали
1 лажичка рендан свеж ѓумбир
1 сечкан морков
сок од 1/2 лимон
1 лажица мед

Приготвување:

Исцедете сок од 2 портокали и половина лимон за да добиете приближно 2 дл (една чаша или малку помалку). Изрендајте ги ѓумбирот и морковот и сите подготвени состојки ставете ги во блендер, додадете лажица мед и мешајте додека не добиете компактно смуди.

Смуди со морков, куркума и ѓумбир

Ова смуди освежува и лечи.

Состојки:

1 сечкан и излупен морков
1 рендано парче куркума (5 см)
1 рендано парче ѓумбир (5 см)
1 шолја сечкано манго
1 сечкан портокал
1/4 шолја вода

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте.

Зелено смуди од моркови и јаболка

Пробајте го овој рецепт и дајте му на вашето тело многу витамини и минерали.

Состојки:

2 моркови
1 јаболко
2 грста млад спанаќ
1 см излупен корен од ѓумбир
300 мл вода

Ставете ги сите состојки во блендер и добро измешајте.

Смуди со јаболка и целер за забрзување на метаболизмот

Ова смуди го забрзува метаболизмот, помага во борбата против ракот, срцевите заболувања и го зајакнува имунитетот.

Состојки:

5 јаболка
2 портокали
2 стебленца целер

Приготвување:

Исечкајте 5 јаболка, излупете 2 портокали и додадете 2 стебленца целер.
Измешајте ги сите состојки во блендер и послужете.

Фото: Unsplash