Состојки:
100 г ореви
по 100 г млечно чоколадо и чоколадо за готвење
200 г путер
200 г шеќер
50 г какао
50 мл рум или сок од портокал
4 јајца
120 г брашно
За прелив:
80 г шеќер
100мл вода
30 г путер
24 јатки ореви
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Исечкајте ги оревите и чоколадото и растопете го путерот.
- Помешајте ги шеќерот и какаото и додадете ги путерот и румот, а потоа и јајцата и брашното и оревите и чоколадото.
- Ставете во тепсија за печење мрсна хартија и истурете ја смесата. Печете околу 30 минути.
- За прелив најпрвин растопете го шеќерот, а потоа додадете 100 мл вода и кога ќе зоврие додадете го путерот.
Исечете го колачот на коцки, ставете од јатките ореви и прелијте ги со преливот. Печете уште 5 минути.