Овес за појадок порано гледавме само во филмовите, додека кај нас се јадеа пржени лепчиња. Со оглед на тоа што во последниве години се повеќе луѓе имаат проблем со дебелината и здравјето, многумина решија да го променат својот животен стил, почнувајќи од исхраната.
Така, сè поголем број луѓе ја вклучија овесната каша во својата исхрана, пред се, за појадок.
Но, зошто е овесот толку посебен?
Една поговорка поврзана со овесот вели: „За некои добиточна храна, а за други храна на богови“. Иако многу народи користеле овес исклучиво за да ги хранат домашните животни, овесот има различни лековити својства.
Додека старите Грци ја користеле оваа житарка исклучиво за добитокот, нивниот современик Хипократ тврдел дека чајот од овес помага при разни болести.
Кај Скандинавците, кои и денес се познати како народ кој здраво се храни, овесот играл многу поважна улога од исхрана за стоката. Тие велеле дека овесот и харингата се храна на боговите и имале право. Познато е дека харингата е најздрава од сите риби, а овесот конечно се препознава како здрава храна ширум светот.
Англичаните имале слично мислење како старите Грци. Тие ги исмејувале Шкотите затоа што јаделе овес, велејќи дека кај нив е тој исклучиво храна за коњи. Шкотскиот писател Џејмс Босвел им одговорил: „Баш затоа вие во Англија ги одгледувате најдобрите коњи, додека ние во Шкотска, најдобрите луѓе“.
Покрај Хипократ, и други лекари го фалеле овесот низ историјата. Во Франција, станал популарен благодарение на лекарот Жан де Сен-Кетрин, кој го пофалил како прехранбен производ. Самиот доктор живеел сто дваесет години, па затоа сите негови совети за исхрана се сметале за многу корисни.
Во Русија, овесот станал популарен благодарение на д-р Владимир Изотов и неговото пронајдок за лек за болеста крлежен енцефалитис, од која и самиот страдал. Иако бил лекар, Изотов имал проблем да се справи со оваа болест. Сеќавајќи се дека овесот се користел и во руската народна медицина, Изотов успеал да направи напиток во чиј состав бил токму овесот. Лекарот не само што се излечил, туку излечил и многу други луѓе ширум светот.
Овесот содржи голем број витамини, јод, фосфор, железо, калиум, магнезиум, аминокиселини, протеини, како и витамини А, К, Ц и В. Тој е вистински извор на влакна и протеини, што е и неговата најголема предност.
Особено се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со варењето на храната. Овесот совршено ги чисти цревата и спречува формирање на тумори во овој дел од телото. Така, го подобрува метаболизмот, особено кај луѓето кои имаат проблем со столицата, односно немаат редовна столица.
Ако имате проблеми со црниот дроб и тироидната жлезда, ова е вистинската работа за вас. Исто така, се препорачува како природен лек за некои други болести како што се дијабетес, гастритис, анемија, астма, проблеми со бубрезите, итн. Го намалува холестеролот и го регулира нивото на шеќер во крвта. Има низок гликемиски индекс, што е поволно бидејќи има минимално влијание врз шеќерот во крвта.
За исхрана најмногу се препорачува овес во зрна, но и овесни снегулки, бидејќи се практични за употреба. Лесно се подготвуваат, а можете да ги подготвите и од вечер.
Овесна каша може да консумираат и луѓе кои се алергични на глутен.
Познато е дека луѓето кои се алергични на глутен не треба да консумираат житни култури. Ова значи дека тие внесуваат помали количини на витамин Б преку својата исхрана, што има негативно влијание врз нивниот организам, првенствено на кожата, косата и ноктите.
Со цел да се компензира потребната доза на витамини од групата Б, потребно е да се земаат вештачки додатоци и додатоци во исхраната.
Овесот не содржи глутен, затоа е идеален извор на витамини од групата Б за луѓе кои се алергични на глутен. Затоа, наместо разни вештачки додатоци, секој ден за појадок направете си една вкусна овесна каша.
Луѓето обично практикуваат разни диети кога сакаат да ослабат. Ова се често екстремни диети, кои вклучуваат исклучително ограничен внес на храна и гладување. Треба да бидете свесни дека овој начин на слабеење воопшто не е здрав.
Со диети, ќе изгубите тежина на нездрав начин и веднаш штом ја прекинете диетата, тежината ќе ви се врати.
За да слабеете здраво, пред сè, треба да имате балансирани оброци. Во тој случај, можете да консумирате овесна каша за појадок или вечера.
За да ги направите вашите оброци поразновидни, користете различен рецепт за овесна каша секој ден. На пример, еден ден јадете овесна каша со банана, друг ден со јогурт, третиот ден со јаболко и цимет, има навистина милион варијанти.
Но овесните снегулки не се добри само за појадок, туку можат да бидат и здрава вечера. Не само што се лесни за стомакот и брзо се варат, туку имаат и смирувачки ефект.
Шкотите, кои ги споменавме како народ кој со векови користел овесна каша во својата исхрана, советуваат овесот да се користи и за вечера. Имено, овесната каша содржи мелатонин, триптофан, како и одредени јаглехидрати кои делуваат смирувачки врз нас, со што ни овозможуваат мирен и пријатен сон.
Овесна каша за вечера им се препорачува на луѓе кои се вознемирени или кои минуваат низ тежок период во животот, такашто имаат проблеми и со спиењето.