За оваа варијанта на гиро, освен вакви лепчиња за гиро, не ви требаат многу состојки.
Земете мелено месо, испржете го на путер заедно со ситно сечкано кромидче и 1 рендан морков.
Додадете малку варен наут ако имате, ако не, земете конзерва со наут и додадете по желба во месото.
Исечкајте и додадете 1-2 свежи малечки црвени пиперчиња и свеж спанаќ.
Издинстајте се заедно накратко и можете да јадете.
Исечкајте и малку свеж кромид, и ќе добиете супер вкусен ручек.