Има ли некој што не сака тестенини?

Веројатно нема такви или барем ние не ги познаваме. Тестенините се секогаш добредојдени на трпезата, а особено кога ќе ги спарите со многу зеленчук. Од се по нешто!

0
263

Кога на ‘репертоарот’ има тестенини, нема незадоволни, ги сакаат сите, од најстарите до најмалите. И повторно, најмногу ни се допаѓаат затоа што се брзи и одлични во сите можни комбинации. Особено се вкусни со многу, многу зеленчук и лук.

Се разбира, нема тука стриктен рецепт па слободно ставајте се што имате од зеленчук, се разбира, предност имаат остатоците.

Ние ставивме спанаќ, многу лук, брокула, карфиол, морков и наут. Од тестенини одберете што имате, шпагети, макарони, па дури и јуфки.

Обарете ги кратко карфиолот и брокулата. Ставете во тава масло и пропржете ги исечканите моркови, додадете го лукчето, и исечканиот спанаќ. Ставете ги обарените карфиол и брокула расцепкани на цветчиња. И ако имате, ставете малку сварен наут. Измешајте се, сварете ги тестенините и уживајте.