Хипотиреозата означува намалена функција на тиреоидната жлезда, при што таа не создава доволно хормони. Оваа состојба подразбира забавена работа на тироидната жлезда, односно нејзина дисфункција.
Тироидната жлезда активно влијае на метаболичките процеси во телото, односно синтетизира хормони кои влијаат на функцијата на скоро сите органи и ткива. Тироксинот (Т4) е клучен хормон на тироидната жлезда и многу процеси во организмот зависат од него: раст и развој на телото, пулсот, телесната тежина, апетитот, квалитетот на спиењето, расположението итн.
Симптоми кои најчесто укажуваат на дисфункција на тироидната жлезда се забавен метаболизам, дебелина, недостаток на енергија, постојано чувство на замор, сува кожа и коса, склоност кон депресивно расположение.
Најдобар начин за одржување на здравјето на тироидната жлезда е превенција, односно редовна и рутинска контрола, како и неопходен контакт со лекар откако ќе ги почувствувате првите симптоми.
Здравата и урамнотежена исхрана е исто така предуслов за одржување на здравјето на тироидната жлезда и намалување на ризикот од хипотироидизам, а еве и кои намирници позитивно влијаат на функционирањето на тироидната жлезда:
Јаболка
Живата и другите тешки метали кои се акумулираат во телото можат да бидат една од причините за хипотироидизам. Овошјето богато со пектин – желатинозни влакна кои поттикнуваат исфрлање на токсините од телото – можат да помогнат во процесот на детоксикација од овие метали. Тоа се јаболка (органски, со кора), сливи, круши и цитруси.
Бразилски ореви
Причината за хипотироидизам може да биде и недостаток на селен во организмот. Бразилскиот орев е храна која е најбогата со селен, а го содржат и јајцата, сардините, туната, мешунките и одредени видови органско месо (пилешко, говедско, мисиркино).
Наут
Храната богата со растителни влакна исто така може да помогне во спречување и ублажување на проблемите со запек, кои често се јавуваат како симптом поради намалена функција на тироидната жлезда. Леблебијата е добар избор бидејќи содржи многу растителни влакна и цинк.
Семки од тиква
Храната богата со цинк позитивно влијае на функционирањето на тироидната жлезда – семки од тиква, морски плодови, мешунки, ореви и семки од сончоглед.
Морски алги
Јодот е неопходен за нормално функционирање на тироидната жлезда, а најмногу го има во алгите и рибите.
Риби
Масната риба содржи омега 3 масни киселини кои имаат способност да ги регулираат воспалителните процеси во организмот.
Гугул
Ова растение се користи со векови во Ајурведата, индиската медицина и позитивно влијае на состојбата на тироидните хормони.
Храна богата со витамин А.
Витаминот А игра важна улога во метаболичкиот процес и го намалува нивото на TSH (стимулирачки хормон на тироидната жлезда). Зголемениот TSH укажува на нарушена функција на тироидната жлезда. Храна која содржи витамин А се морков, спанаќ, кељ, глуварче, диња, кајсија, тиква …
Витамин Д.
Кај луѓето со хипотироидизам, нивото на витамин Д често се намалува.Ова е витамин од што се добива кога сме изложени на сончеви зраци, додека во храната е присутен во мали количини. Храна богата со витамин Д се печурки, лосос, жолчки и исцедени портокали.
Фото: Pixabay