Нема да ви треба многу време за да го подготвите, а набрзо ќе стане омилен десерт во вашиот дом, особено ако и вие наместо со шеќер, го направите со поздрава алтернатива – маџун.
Состојки:
3-4 јаболки
150 г путер на собна температура (ние ставивме пола путер, пола кокосово масло)
100 мл маџун
1 ванилин шеќер
малку сол
3 јајца
8 лажици млеко
1 пудинг од ванила
250 г брашно
1 прашок за пециво
малку путер за премачкување на калапот
Приготвување:
Пред да започнете да го правите колачот, загрејте ја рерната на 180 степени. Потоа излупете ги јаболките и исечете ги на коцки.
Во голем сад измешајте ги путерот, маџунот, ванилин шеќер и сол. Мешајте додека не добиете кремаста смеса, а потоа додадете ги јајцата и млекото.
Во друг сад измешајте пудинг од ванила, брашно и прашок за пециво, а потоа додадете ги во кремастата смеса со јајца.
На крај, додадете ги јаболката попрскани со сок од лимон.
Премачкајте ја тепсијата со путер, а потоа истурете го тестото.
Колачот се пече околу 45 минути на температура од 180 степени.
По желба, ставете одозгора сечкани оревчиња и малку слатко од капини.