Кога пушите, никотинот циркулира во крвта во просек од шест до осум часа. Поголемиот дел од тој никотин се елиминира со урината, но потребни се 48-72 часа за да се исфрли преостанатиот никотин од вашето тело. Водата, одредени видови овошје и зеленчук можат да помогнат во овој процес, особено оние што содржат многу витамин Ц. Тоа е најпознатата супстанца за отстранување на никотинот од крвотокот, бидејќи го подобрува метаболизмот и создава бели крвни зрнца, но пушачите треба да земат многу поголема доза од овој витамин од непушачите, до 2.000 милиграми.
Еве што е најдобро за исфрлање на никотинот од вашето тело:
Вода – никотинот го дехидрира организмот, затоа е неопходен поголем внес на вода бидејќи му помага на организмот да се ослободи од никотинот.
Коприва – Ова растение е полно со железо, корисно е за дезинфекција и е одлично во борбата против инфекции.
Зеленчук – Конзумирање поголеми количини на целер, тиквички, грав, па дури и краставици може да ја намали зависноста од никотин. Не јадете многу сладок зеленчук, со многу шеќер, бидејќи прекумерното количество глукоза го активира делот од мозокот одговорен за уживање и задоволство. На овој начин, глукозата може да ја поттикне желбата за цигари.
Портокали – Тие содржат високо ниво на витамин Ц, затоа го компензираат овој витамин во организмот на пушачот, кој се намалува токму поради пушењето. Консумирањето портокали може да го забрза метаболизмот и да го намали стресот.
Киви – Кивито помага да се елиминира никотинот од телото и да се наполни со витамини А, Ц и Е, кои пушењето ги намалува.
Сок од морков – Сокот од морков содржи витамини А, Б, Ц, К кои помагаат да се елиминира никотинот од телото. Никотинот исто така ја оштетува кожата, а сокот од морков има многу витамини кои се добри за кожата.
Брокула – Содржи високо ниво на витамини Б5 и Ц. Брокулата содржи супстанца која ги штити белите дробови од оштетување од токсини.
Спанаќ – Богат е со витамини и фолна киселина, затоа е добар за вашето тело, а особено е добар за тоа да ви го згади вкусот на тутунот.
Фото: Pixabay