Најинтересниот дел во овој рецепт е содржината на урда, рикота или младо сирење, по ваш избор, е дел од состојките за тестото. Ние го направивме со урда.
Состојки:
350 г урда (младо сирење, рикота)
350 г брашно
1 јајце
1 прашок за пециво
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
Приготвување:
Се замесува тесто од состојките кои претходно сте ги оставиле барем 2-3 часа на собна температура.
Веднаш се обликува векна леб со додавање на уште малку брашно на работната маса. Се става во подмачкан калап за печење, се засекува на неколку места и се пече околу 40-45 минути на 180 степени.
Кога ќе се испече се завиткува во крпа.