Киселата зелка е бомба за здравјето и имунитетот, ама не за сите

Иако е вистинска „бомба“ за здравјето и имунитетот, има луѓе кои не треба да јадат кисела зелка! таа не се препорачува за луѓе со висок крвен притисок, за оние кои имаат кандида, заболување на црниот дроб, малигни заболувања и дигестивни проблеми.

0
956

Нутриционистите постојано препорачуваат храна богата со пробиотици, како што се млечните производи или киселата туршија.

Кисела зелка, јогурт, кефир, се само некои од намирниците за чии поволни ефекти постојано слушаме.

Киселата зелка е нискокалорична храна, има само 18 kcal на 100 грама, а освен витамини Ц, К и Б6, содржи и железо, влакна, протеини и многу малку маснотии. Киселиот зеленчук е богат со пробиотички култури, кои се многу важни за здравјето на дигестивниот систем.

„Самиот процес на ферментација ја зголемува биорасположивоста на хранливите материи во зеленчукот. Ова значи дека киселиот зеленчук би требало да се јаде најмалку двапати неделно како салата.

Расолот во кој се наоѓа зелката содржи витамини Б, Ц, Е и К, калиум, фосфор, цинк, бакар, железо и магнезиум. Го зајакнува имунитетот, одличен е за варење и ја зајакнува цревната флора. Ја чисти кожата и се користи како народен „лек“ за мамурлак, гихт и чир на желудник. Сепак, можно е да се претера и тогаш може да се појават проблеми!

Прекумерната употреба на кисела храна може да доведе до надуеност и гасови, како резултат на една состојка, трисахарид рафиноза, која тенкото црево не може да ја разгради. Затоа, додека за здравите луѓе е препорачлива, киселата туршија не се препорачува за луѓе со висок крвен притисок, за оние кои имаат кандида, заболување на црниот дроб, малигни заболувања и дигестивни проблеми.

Фото: Freepik