Баталете диазепами, пијте лимонада со куркума

Ах таа чудотворна куркума... Меѓу сите здравствени придобивки, таа со помош на својата состојка куркумин, не само што ја лекува депресијата, туку е докажано поефикасна дури и од флуоксетинот што го содржи Прозак, инаку, еден од најпознатите лекови против депресија.

0
853

Постојат многу начини и лекови што можат да се употребат за лекување на депресијата, но лошо е тоа што речиси сите имаат негативни нус појави.

Сега е докажано дека куркумата може да излекува личност која страда од тешка депресија без притоа да се соочува со какви било нус појави. Куркумата ја лекува депресијата со помош на својата состојка куркумин, а докажано е дека е поефикасна дури и од флуоксетинот што го содржи Прозак, инаку, еден од најпознатите лекови против депресија.

Како да се направи лимонада со куркума

Постојат различни начини на кои можете да направите лимонада со куркума, а ние го одбравме најделотворниот и наједноставниот начин.

Рецепт за 4 лица:

4 шолјички вода

2 лажици рендана или куркума во прав

4 лажици јаворов сируп или мед

сок од 1 лимон

сок од 1 портокал

малку црн пипер

Помешајте ги сите состојки и послужете со парченца лимон

Добра страна на овој рецепт е и што не чини многу, а можете да го приготвите и сами и да не трошите повеќе пари за лекови. И не заборавајте да додадете малку црн пипер.

Фото: Pexels