Состојки:
1 кг брашно
1 квасец
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
2 јајца
150 мл масло
100 мл млеко
300 мл млака вода
За премачкување: 1 путер или 1 мала тегличка песто, ако имате по малку од двете, комбинирајте.
Сусам за поросување
Приготвување:
Замесете тесто со 2 јајца, брашно, квасец (ако е свеж, ставете го во топлото млеко со 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно и почекајте да надојде), млеко, вода, сол и шеќер.
Оставете го тестото покриено околу 20 минути, а потоа направете од него три топчиња што ќе ги расукате во кори и ќе ги премачкате со песто (или со омекнат путер).
Завиткајте ги сите три кори во ролат и пресечете ги на парчиња па наредете ги во тркалезна тава. (Помеѓу парчињата ќе има празен простор, но при печењето, ќе надојдат па се ќе се пополни.)
Поросете ги со сусам и печете околу 30 минути во загреана рерна на 200 степени.