Имате неколку кори, остатоци од неколку сирења кои никако да се дојадат и две-три јајца?
Имате се што ви треба да си ги направите овие вкусни ролни за појадок.
Направете го филот со сирење или урда и изматени јајца, ставете од него во парче, односно, во третина кора, завиткајте и наредете ги сите во тепсија за печење и потпечете ги во рерна сосема, ако ги јадете веднаш или до пола, ако ги планирате за подоцна. Во вториот случај можете потоа да ги допечете на тостер и да ги јадете топли и крцкави.
Идејата за овој рецепт е на нашиот читател Стефан Русевски.