Супер брзи кокос-кифлички

Едноставни, брзи и вкусни...Само внимавајте при печењето да останат бели. Уживајте во мирисот и вкусот на кокосот

0
351

Состојки:

250 г путер

100 г шеќер

2 јајца

200 г кокосово брашно

350 г брашно

2 лажички прашак за пециво

Приготвување:

  1. Помешајте ги сите состојки и замесете цврсто и компактно тесто.
  2. Ставете го тестото во фрижидер на половина час, а кога ќе се олади обликувајте кифлици и наредете ги во тепсија за печење
  3. Печете на 200 степени околу 15 минути.