Рецептот за супа од коски е многу едноставен. Потребно е да се стави една коска од телешко месо (или повеќе коски доколку станува збор за пилешка, јагнешка или рибна супа) во тенџере со многу вода и оставете да зоврие, а по одредено време додадете морков, целер, пашканат и кромид. Кога супата е готова, додадете тестенини и зачини.
Супата од коски подготвена на овој начин може да направи многу магични работи за нашето здравје. Во неа се наоѓаат голем број на скапоцени аминокиселини, колаген, желатин и многу минерали.
Всушност, супата од коски содржи десетици различни хранливи материи, од кои многу не може да се внесат поинаку, освен со исхраната.
Сите придобивки од супа од коски може да се сведат на шест основни.
1. Заштита на зглобовите
Супата од коски е еден од најдобрите извори на природен колаген, протеин кој се наоѓа кај ‘рбетниците – во нивните коски, кожа, ‘рскавица, лигаменти, тетиви и во коскената срж.
Како што старееме, нашите зглобови природно доживуваат абење и стануваат помалку флексибилни. Како што старееме, ‘рскавицата исто така се намалува, бидејќи ја напаѓаат антитела. Додека супата од коски врие, колагенот од нив се излева во супата и на тој начин таа станува вистинско богатство кога станува збор за обновување на ‘рскавицата. Една од најважните компоненти на супата од коски супа е желатинот, кој делува како мека перниче помеѓу коските и им помага да се лизгаат без триење. Желатинот од коските е всушност чист колаген и е многу важен во формирањето и одржувањето на силни коски, помагајќи да не се врши притисок врз зглобовите под влијание на стареењето.
2. Правилна работа на цревата
Студиите покажуваат дека желатинот е погоден за обновување на цврстината на слузокожата на цревата и за борба против чувствителноста на храната (како што се глутен или лактоза).
Исто така, желатинот е одличен и за поттикнување на развој на добри бактерии во цревата и спречува можни воспалителни процеси во дигестивниот тракт. За разлика од многу други намирници, супата од коски се вари лесно и делува смирувачки на дигестивниот систем. Ова е важно затоа што секоја храна е корисна за човечкото тело само доколку сите хранливи материи од неа се апсорбираат правилно благодарение на здравиот дигестивен систем. Медицински студии утврдиле дека кај лицата со дигестивна нерамнотежа, серумските концентрации на колаген се драстично намалени. Бидејќи аминокиселините во колагенот создаваат ткиво што го обложува дебелото црево и целиот гастроинтестинален тракт, дополнувањето на колагенот од супата од коски може да биде од големо значење.
3. Здрава кожа
Колагенот помага во создавањето еластин и други состојки во внатрешноста на кожата кои се одговорни за одржување на младешки тен, текстура на кожата и нејзиниот убав изглед. Исто така, помага во намалување на видливите брчки и ефикасно се бори против различните знаци на стареење. Многумина кои користеле додатоци или конзумирале храна богата со колаген, велат дека нивниот целулит е намален, бидејќи тој дел под кожата се формира поради недостаток на сврзно ткиво. Покрај тоа, исхраната што содржи колаген овозможува хидратација на кожата како и значително намалување на знаците на забрзано стареење без никакви несакани ефекти.
4. Поддршка за имунитетот
Една од најимпресивните работи во врска со супата од коски е тоа што го поддржува имунолошкиот систем и неговото функционирање во човечкото тело. Синдромот на пропустливо црево се јавува кога несварени честички од храната поминуваат низ ситните отвори во истенчената цревна слузокожа, па влегуваат во крвотокот, каде имунитетниот систем ги открива и станува хиперактивен.
Оваа состојба го зголемува воспалението и доведува до бројни дисфункции, бидејќи имунитетот ослободува високо ниво на антитела кои предизвикуваат автоимуна реакција и напаѓаат здраво ткиво. Супата од коска е исклучително погодна храна за консумирање за да се обноват функциите на цревата и да се поддржат функциите на системот за имунитет со цел да се постигне поздрав одговор на воспалението. Колагенот, желатинот и аминокиселините пролин, глутамин и аргинин помагаат да се затворат отворите во слузокожата. Се верува дека традиционално направената супа од коски го поддржува правилното функционирање на системот за имунитет. Покрај тоа, оваа супа може да поттикне поздрав сон, повеќе енергија во текот на денот и останување во добро расположение.
5. Детоксикација
Во современиот свет, просечно лице е изложено на голем број токсични соединенија од околината, храната, вештачките состојки и хемикалиите што ги користи. Иако човечкото тело има свои средства за детоксикација од тешки метали и други токсични материи, честопати му е многу тешко да се справи кога е преплавено со огромна количина на овие соединенија.
Супата од коска се смета за моќен детоксификатор, бидејќи му помага на дигестивниот систем да го исфрли целиот отпад и ја стимулира способноста на црниот дроб да ги елиминира токсините, помага во одржување на интегритетот на ткивата и ја подобрува употребата на антиоксиданси во организмот. Супата од коски е богат извор на калиум и глицин, кои силно ги поддржуваат човечките клетки и црниот дроб за да се ослободат од токсините.
Еден од начините на кој оваа супа ја поттикнува детоксикацијата е снабдување на организмот со специјален антиоксиданс глутатион кој ефикасно го намалува оксидативниот стрес. Глутатионот помага во детоксикација на тешките метали како што се жива и олово, како и во апсорпција на разни хранливи материи и на функционирањето на чистењето на црниот дроб.
6. Метаболизам
Супата од коски е одличен начин за добивање глутатион, а студиите ги покажуваат неговите важни улоги во одбраната од оксидација и во метаболизмот на хранливите материи. Студија од 2004 година објавена во “Journal of Nutrition” вели дека улогите и придобивките од глутатионот вклучуваат регулирање на генската експресија, синтезата на ДНК и протеините, клеточна пролиферација и апоптоза, трансдукција на сигналите, производство на цитокин и имунолошки одговори.
Аминокиселините кои се наоѓаат во оваа супа имаат голем број на метаболички улоги, вклучувајќи градење и санирање на мускулното ткиво, поддржување на минералната густина на коските, зголемување на апсорпцијата и синтезата на хранливи материи и одржување на здравјето на мускулите и сврзното ткиво.
Аминокиселината глицин, која се наоѓа во внатрешноста на колагенот, помага во изградбата на мускулното ткиво со претворање на глукозата во корисна енергија, а исто така го забавува губењето на ‘рскавицата, ткивата и мускулите поврзани со стареењето со подобрување на употребата на антиоксиданси во организмот.
Студиите откриле дека глицинот ја штити загубата на скелетните мускули и го запира експресијата на гените поврзани со распаѓање на мускулните протеини кои се јавуваат со возраста. Глутаминот е друга аминокиселина важна за здрав метаболизам, бидејќи ни помага да ја одржуваме енергијата со „испраќање“ на хранливи материи до нашите клетки. Аргининот има улога во разбивање на азотниот оксид, кој помага во подобрување на циркулацијата и испраќа крв и хранливи материи до клетките низ целото тело, подобрувајќи го интегритетот на мускулите и ткивата и поттикнувајќи го заздравувањето на раните.
Фото: Freepik