Состојки:
113 г путер (на собна температура)
120 мл зејтин
250 г шеќер (Јана вели дека малку претерала со шеќерот, ставила 300 г, па за да компензира, во пудингот не ставила ниту трошка)
4 јајца (на собна температура)
375 г брашно
1 кесичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
300 мл млеко (според оригиналниот рецепт, млекото е кондензирано, но може и обично)
2 кесички пудинг од ванила или чоколадо (во овој рецепт е употребен пудинг од ванила, но додадени се и остатоци од црно чоколадо)
Приготвување:
Изматете ги со миксер путерот, шеќерот и зејтинот за да добиете кремава смеса, а потоа додавајте едно по едно јајце постојано матејќи.
Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво и малку сол, па почнете да додавате во смесата со јајцата наизменично, малку млеко, малку брашно, додека не ги потрошите сите состојки, но сега, наместо со миксер, полека мешајте со пластично лопатче.
Ставете ја смесата во една поголема или во две помали тепсии за печење. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути, во зависност од големината.
Во меѓувреме направете го пудингот и ако имате остатоци од чоколадо што сакате да ги потрошите, додадете ги во пудингот. Не ставајте шеќер.
Кога ќе се олади колачот, ако го печевте во голема тепсија, исечете го на пола, премачкајте ги двете половини и ставете ги една врз друга како на фотографијата.
Брзо и едноставно, а вкусно за ‘кризни’ ситуации.