Ручек – во мал приватен ‘ковид центар’

Еве како изгледа еден од ручеците во 'ковид центарот' во една семејна куќа во Скопје. Се послужува во ходникот, а секој од позитивните по распоред излегува и си ја зема својата порција која мора да ја врати испразнета на истото место

0
489

Кога сте сите дома, а секој мора да јаде сам, тогаш една од варијантите е и оваа. Ручекот го поставуваат оние кои се се уште на нога, и тоа – во ходник.

Бидејќи станува збор за роденденски ручек (семејството се собра на ЗУМ), ручекот е полуздрава, полунездрава комбинација. На пример, има свежа туна, ама испржена на грил тава. А компирите се во две варијанти, помфрит и варени, па кој како сака.

Зелена салата зачинета со маслиново масло и блендирани солени лимони.

 

Виното е за готвачот, кој ги почитува препораките и се чувствува здраво. За другите има пробиотски јогурт и свежо цеден сок од портокал.

Не е лошо како за ковид центар, нели?