Испечете цвекло и сладок компир, таканаречен, батат, а потоа комбинирајте по свое. Ние ги измивме, ги испековме во фолија (завиткани сите посебно, едно по едно), па ги излупивме и на крај ги ставивме во блендер.
Првиот намаз е цвекло со урда, малку лукче, маслиново масло и 1 лажичка блендирани марокански лимони (по рецептот на „Ситно сецкано“). Ако немате солени лимони, можете да ставите сол и сок од лимон, ама вкусот е подобар со солените лимони кои откако еднаш ги пробавме, се прашуваме како порано сме живееле без нив.
Вториот намаз е со сладок компир, повторно урда, малку лукче, маслиново масло и 1 лажичка блендирани марокански лимони.
Убави беа и во комбинација со веге бургери и намачкани на тазе печено домашно интегрално лепче.