Ајурведата е систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува и во другите делови од светот како форма на алтернативна медицина.
Низ историјата, ајурведата останала влијателен медицински систем во Јужна Азија.
Концептот на ајурведата се базира на два главни принципи. Првиот е дека умот и телото се меѓусебно поврзани, а вториот – дека умот е доволно моќен да го излекува телото.
Со оглед на тоа што целта на ајурведските третмани е да го исчистат телото од непроцесираната храна која може да остане во телото и да доведе до болест, постојат повеќе традиционални ајурведски напитоци со чија помош се исфрлаат отровите од телото. Освен тоа, со помош на овој напиток ќе имате и мирен сон.
Потребни се:
1/2 лажичка органска куркума
1/4 лажичка рендан свеж ѓумбир
1 лажичка ги масло
1/2 лажичка кардамом
1 чаша млеко (млеко по избор или негова билна замена).
Прстофат црн пипер
Во топло млеко додадете ги сите состојки и добро измешајте. Пијте го напитокот топол еден час пред да си легнете.
Ефектите ќе ги почувствувате по неколку дена.