Колач со лимон

Едноставен колач од лимон кој можете да го направите и во посна варијанта, како нашата, но и како што е оригиналниот рецепт, со јајца. Ќе ви дадеме инструкции и за двата рецепти

0
122

Состојки:

Путер (200 г) – ние ставивме кокосово масло

Шеќер (200 г)

прстофат сол

Брашно (250 г)

3 јајца – ние ставивме само кисела вода наместо обична, но можете да користите и

аквафаба.

2 лажички прашок за печиво

125 мл свеж сок од лимон

Рендана кора од лимон

За преливот:

150 мл вода, 150 г шеќер и сок од 1 лимон и 1 калинка

Приготвување:

Во еден сад се матат кокосовото масло и шеќерот, солта, брашното помешано со прашок за печиво и водата и јајцата (или само кисела вода во посната варијанта).

Потоа се ренда малку кора од лимон и се додаваат 125 мл исцеден сок од лимон. Се мати со миксер додека да се добие изедначена смеса.

Смесата се истура во подмачкан калап и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 50 минути.

Преливот се прави такашто 150 грама шеќер се мешаат со 150 мл вода, се додаваат сок од лимон и сок од калинка. Кога шеќерот ќе се истопи, се прелива изладениот колач. Одозгора поросете рендана кора од лимон.