Циметот е ефтин и има убав, сладок вкус. Постојат многу причини зошто треба да го консумирате секојдневно.
Најдобро е да го пиете наутро додавајќи го во утринското кафе.
1. Го зајакнува имунитетот
Доволно е да додадете четвртина лажичка цимет во топлото кафе и вашето тело ќе може да се бори против вирусите и бактериите.
2. Го стимулира мозокот
Циметот ја подобрува меморијата, ве буди и ја зајакнува концентрацијата.
3. Го намалува нивото на шеќер во крвта и нивото на холестерол
Редовната употреба на цимет може да ве заштити од дијабетес и холестерол. Потребни се само 6 грама на ден.
4. Ја намалува менструалната болка
Затоа, жените кои имаат болна менструација, треба да додадат цимет во храната што ја јадат храна и во напитоците што ги пијат.
5. Ја подобрува циркулацијата и ги зголемува нивоата на енергија
Топол пијалок, како кафе, со четвртина лажичка цимет ќе ја врати енергијата и ќе ја стимулира циркулацијата. Оваа комбинација е особено корисна за луѓето кои секогаш имаат ладни стапала и раце.
Циметот оди со кафе, капучино, турско или инстант кафе, дури и во чоколадно млеко или во чај.
Фото: Pexels