Кефир или јогурт: Што е поздраво да се пие овие денови?

Дури и ако не ве интересира здравата исхрана, веројатно веќе сте слушнале колку е важно да користите храна богата со пробиотици. Пробиотиците се добри за цревата, а нивните придобивки се одлични, добри за варењето на храната, имунитетот и долгорочно за мозокот. Две намирници богати со пробиотици се кефирот и јогуртот.

0
750

Кефирот и јогуртот имаат многу заеднички карактеристики – и двата се ферментирани млечни производи. Но постојат неколку клучни разлики меѓу нив, вклучувајќи го и начинот на кој се прават, за што можат да се користат и количината на придобивки за цревата што тие ги овозможуваат.

Нутриционистката Андреа Матис во разговор за „Well and Good“ ја објаснила разликата меѓу нив, но направила и своја проценка за тоа кој од нив е вистинско пробиотичко богатство, односно кој би победил на овој натпревар.

Како се направени и кога треба да се користат

Матис објаснува дека иако кефирот и јогуртот се ферментираат од млеко, јогуртот се ферментира исклучиво од бактерии, додека кефирот се ферментира и од бактерии и од квасец.

Кога станува збор за јогурт, постапката вклучува загревање на млекото, додавање на жива култура (која содржи бактерии), оставање на јогуртот да се зацврсти и да се излади. За да направите кефир, потребни ви се зрна кефир кои содржат и бактерии и квасец. Откако ќе додадете лажичка зрна кефир во чаша млеко, покријте ги и оставете ги да стојат 24 часа, тогаш ќе го имате вашиот кефир.

„Разликата во начинот на правење ги менува и вкусот и текстурата“, вели Матис и додава дека јогуртот е подебел и покремав, додека кефирот е потечен.

Што се однесува до вкусот, таа вели дека квасецот во кефирот дава малку поостар вкус од јогуртот, кој има поблаг вкус.

Колку тие се разликуваат во хранливата вредност

Што се однесува до нутриционистичкиот состав, Матис вели дека тие имаат некои заеднички предности, но има и други карактеристики што ги разликуваат.

И двата се добри извори на протеини.

„Ако се тие причинита заради која барате кефир или јогурт, би ве советувала да го изберете она што повеќе ви одговара по вкус и текстура бидејќи и двата се богати со хранливи материи.

Обичниот кефир има осум грама протеини по чаша, а обичниот јогурт има во просек шест грама по порција. И кефирот и јогуртот имаат слични количини јаглехидрати.

Матис објаснува дека, бидејќи кефирот се произведува и од живи бактерии и од квасец, додека јогуртот се произведува само од живи култури на бактерии, од кефирот има побогата пробиотичка корист.

Тоа всушност може да има три пати повеќе пробиотици од јогуртот.

Значи, ако навистина сакате да се почестите со добри цревни бактерии, кефирот ќе биде подобар избор.

Кефирот содржи и повеќе калциум, кој е важен за здравјето на коските и срцето. Имено, тој има 300 милиграми калциум по порција, додека јогуртот има 180 милиграми по порција. Кефирот е исто така побогат со витамин А, кој е важен за здравјето на очите, коските и имунитетот.

Меѓутоа, ако имате нетолеранција или чувствителност на млеко, консумирањето кефир или јогурт може да доведе до надуеност, запек или дијареја.

И кефирот и јогуртот се одлични за здравјето на цревата. За кое и да се одлучите, ќе им направите услуга за цревата, што значи дека ќе имате корист и за целото тело.

Фото: Pexels