Како да направите посен мајонез?

Ако решивте да постите, сега е вистинско време да ги испробате овие три варијанти на домашен посен мајонез. Направете ги па јавете ни која најмногу ви се допаѓа

0
364

Најдовме три рецепти за домашен посен мајонез кој може да ви помогне да го збогатите вкусот на храната за време на овие долги Божиќни пости.

Посен мајонез со лимон

Состојки:

6 рамни лажици густина,
24 лажици вода,
3 лажички сенф,
9 лажици масло,
сок од 1/2 лимон,
црн пипер,
сол

Приготвување:

Измешајте 6 еднакви лажици густин со 24 лажици вода и мешајте додека не ја разбиете секоја грутка, а потоа сварете ја смесата за да згусне.
Кога ќе се олади, со постојано мешање, додадете прво 3 лажички сенф, па една по една 9 лажици масло и на крај сок од 1/2 лимон.
Мешајте за да се соединат сите состојки. Додадете сол и црн пипер по вкус.
Оставете го да стои на ладно најмалку 1 час пред да го сервирате или користете го при подготовка на други посни оброци.

Посен мајонез од млеко од соја

Состојки:

200 мл незасладено млеко од соја,
300 мл масло,
лажичка сок од лимон,
2 лажички јаболков оцет,
лажичка сенф,
сол по вкус.

Приготвување:

Полека мешајте го соиното млеко и додавајте 150 мл масло.
Кога млекото и маслото се совршено измешани, додадете полека јаболков оцет, сок од лимон и малку сол и продолжете да мешате уште една-две минути.
Сега додадете ги сенфот и остатокот од маслото и мешајте додека не добиете кремаста смеса. Вашиот постен мајонез е подготвен.

Посен мајонез од компир

Состојки:

2 компири,
лажичка сенф,
сок од лимон,

лажица бело вино,
200 мл масло,

1 дцл вода

сол и црн пипер по вкус.

Приготвување:

Сварете го компирот со лушпата, изладете го, излупете го, испасирајте го, додадете сенф, црн пипер, сок од лимон и сол и сè добро измешајте.
Додадете еден децилитар вода, промешајте и започнете со лесно мешање со миксер, полека додавајќи масло.
Кога ќе добиете густа смеса, ставете една лажица бело вино и промешајте уште еднаш.

Фото: Unsplash