Вегетаријански лазањи

Здрав оброк кој секој ќе го сака. Кори за лазањи, бел крем, свеж зеленчук и многу кашкавал, ова ќе биде ѕвездата на вашиот семеен ручек

0
707

Состојки:

Една коцка кашкавал

2-3 чешниња сечкан лук

1 тиквичка

1 цвет од брокула

2 стапчиња аспарагус (доколку најдете, подобро е да биде свеж, но можете да употребите и некоеј друг зеленчук или аспарагус во тегла)

1 пакување кори за лазањи

1 павлака

1 пакетче пармезан

За бешамел сосот:

Коцка путер

Неколку лажици брашно

сол

1/2 лажичка морско оревче во прав

1 чаша млеко

Приготвување:

За сосот:

  1. Загрејте го путерот во тенџере на тивок оган додека не се стопи.

Додајте го брашното постојано мешајќи, а потоа и морско оревче. Откако ќе се затемни, додадете го млекото и не престанувајте да мешате. Ако е густ додадете уште млеко

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени
  2. Сварете го зеленчукот набрзина во зовриена вода со малку сол.
  3. Во тепсија за печење, наредете еден ред лазања, па прелијте ја со дел од сосот, додадете дел од зеленчукот и дел од изренданиот кашкавал. Повторете го тоа додека не се потроши материјалот. Се завршува со пармезан и се пече околу 20 минути.