Недостатокот од движење, штетните грицки и постојаното седење на компјутер – сето тоа се атрибути на седечкиот начин на живот, кој порано или подоцна влијаат на здравјето.
За среќа, штетата може да се намали доколку на секој половина час станете и прошетате, редовно вежбате и ги консумирате овие пет видови корисни намирници:
За очите
И покрај тоа што техниката многу напредувала, работата на компјутер ви ги оштетува очите.
Здравјето на вашите очи ќе ги зачуваат намирници кои содржат омега-3 масни киселини, лутеин, цинк и витамини А, Ц и Е:
Зелен зеленчук (зелена салата, спанаќ, зелка)
Јајца
Цитруси
Јаткасти плодови и семки
Масна риба (лосос, туна, скуша, пастрмка).
За јакнење на имунитетот
Седењето долго време во затворен простор, особено во присуство на други луѓе, е идеално за ширење бактерии и вируси.
За да го спречите тоа, покрај општите мерки на заштита, во својата исхрана вклучете ги намирниците кои го јакнат имунитетот:
Цитруси
Црвена пиперка
Брокули
Лук
Ѓумбир
Киви
Папаја
За забрзување на метаболизмот
Колку е подобар метаболизмот, толку повеќе калории согорува. Тоа е особено важно за оние кои поголемиот дел од денот го поминуваат седејќи.
Овие намирници ќе ви го забрзаат метаболизмот и ќе ви помогнат да ја одржите идеалната тежина:
Алги
Кафе
Чај
Зачини (ѓумбир, алева пиперка, кардамон)
Мешунки
Посно месо (пилешко, мисиркино)
За мозокот
Правилната исхрана не е важна само за физичкото здравје, туку и за здравјето на мозокот.
Овие намирници ја помагаат работата на сивата мозочна маса и ги забавуваат промените кои настануваат со стареењето.
Масна риба (лосос, пастрмка)
Боровници
Ореви и семки
Намирници богати со влакна (овесна каша, интегрален леб, интегрален ориз)
Сок од калинка
Црно чоколадо
За цревата
Според американските истражувања, седечката работа во траење од десет или повеќе години го дуплираат ризикот од рак на дебелото црево. Превенцијата се состои од редовно вежбање (вклучувајќи и вежби во текот на работното време) и правилна исхрана која ги вклучува следните намирници:
Брокули
Спанаќ
Цитруси
Зрнесто овошје
Храна богата со влакна (овесна каша, леб, интегрален ориз)
Стручњаците советуваат да го ограничите консумирањето на црвено месо и месни преработки, како што се саламите и колбасите, затоа што таквите намирници го зголемуваат ризикот од појава на карцином.
Фото: Pixabay