Состојки:
1 поголема црна ротквица
2 лажици мед (ако сте алергични на мед, можете наместо тоа да ставите 4 лажици шеќер)
Приготвување:
Убаво измијте ја ротквицата и исушете ја. Ако не стои правилно, отсечете го долниот дел малку за да биде стабилна. Исто така, исечете малку од горниот дел што ќе служи како капак. Потоа направете вдлабнатина, а sидовите нека бидат дебели 2 см (слично како што се длаби тиква).
Истурете мед во ротквицата, треба да наполните повеќе од половина. Покријте го со врвот што ќе го исечете и оставете го да стои преку ноќ. Во утринските часови, во ротквицата ќе се создаде сируп кој ќе ви помогне да се ослободите од сувата кашлица.
Примена на сирупот:
Треба да го земате овој сируп 4-5 пати на ден, неколку минути пред јадење. Возрасните можат да земаат по 1 лажица, а децата по 1 лажичка.
Како да се надополни сирупот:
Во текот на денот ќе го користите сирупот, а потоа додадете мед или шеќер во истата ротквица во вечерните часови и наутро пак ќе имате подготвен сируп. По два или три дена, сменете ја ротквицата.
Овој сируп нè ослободува од кашлицата брзо, но со дијабетичарите и децата под една година треба да се биде внимателен бидејќи повеќе мед може да предизвика алергии.
И покрај лековитите својства, постојат контраиндикации за употреба кај акутни гастроинтестинални заболувања, заболувања на црниот дроб, жолчното кесе и бубрезите.