Јадете мандарини секој ден, често цедите сок од портокал или лимон и сега би сакале да пробате уште некое цитрусно овошје. Зошто тоа не би било помело? Помело е најголемото цитрусно овошје кое е големо колку диња, па дури и поголемо. Има форма на голема солза, неговата кора е бела, жолта или бледо зелена, а месото е зеленикаво, жолто или црвеникаво. Потекнува од Азија и е главен предок на грејпфрутот, на кој наликува по вкусот, но е посладок.
Тој е одличен извор на витамин Ц, па едно излупено помело, кое тежи околу 600 грама во просек, содржи околу 400 проценти од препорачаните дневни вредности на тој витамин. Како што е познато, витаминот Ц е моќен антиоксиданс кој помага да се спречи оштетувањето на клетките предизвикано од дејството на слободните радикали. Помелото е богати и со некои други витамини, да ги споменеме витамините Б1 и Б2 и минерали како бакар и калиум. Маснотии нема.
Корисни влакна
Обично се препорачува да јадете најмалку 25 грама влакна на ден. Едно помело содржи шест грама. Веројатно нема да го јадете сами целото овошје одеднаш, но добро е да знаете дека е особено богато со нерастворливи влакна што додаваат волумен на столицата, па затоа се добри за спречување на запек. Диететските влакна се храна и за „добрите“ бактерии кои живеат во нашите црева.
Влакната од овошјето се поврзани со подобрена густина на коските, долгорочно одржување на оптималната телесна тежина, подобро здравје на цревата и мозокот и намален ризик од некои хронични болести.
Продолжено чувство на ситост
Покрај влакна, помелото содржи и протеини, и обете овие хранливи состојки ни помагаат да се чувствуваме сити подолго, што доведува до намалување на вкупниот внес на калории. Излупеното помело, тешко околу 600 грама, содржи околу 230 калории, што е релативно малку за толкава количина на храна.
Богато е со антиоксиданси
Помело може да се пофали со изобилство на антиоксиданти кои помагаат да се спречи, па и да се поништи штетата предизвикана од слободните радикали. Кога се акумулираат во телото во големи количини, овие нестабилни соединенија можат да доведат до развој на хронични заболувања. Покрај изобилството на витамин Ц, помелото содржи и некои други важни антиоксиданти, на пример, нарингенин и нарингин, флавоноиди вообичаени во агрумите, а исто така содржи и ликопен, антиоксиданс што го има во доматите.
Го подобрува здравјето на срцето
Помелото може да го намали нивото на холестерол и триглицериди во крвта, маснотии поврзани со срцеви заболувања. Во тринеделното истражување во кое стаорците добиле концентриран екстракт од помело, нивото на триглицериди им се намалило за 21 процент, нивниот вкупен холестерол до шест проценти, а нивниот ЛДЛ (т.н.) лош холестерол до 41 процент. Друга студија открила дека помелото може да ги намали мастите во крвта со спречување на телото во целост да го апсорбира холестеролот од храната.
Потребна е претпазливост! Секој што зема статини треба да избегнува јадење помело, бидејќи ова овошје, исто како и грејпфрутот, содржи фуранокумарини, соединенија што можат да влијаат на метаболизмот на статините.
Анти ејџинг
Благодарение на изобилството на антиоксиданти, помелото може да има анти-ејџинг ефект. Антиоксидансите, вклучително и витаминот Ц, можат да помогнат да се спречи оштетувањето на слободните радикали на кожата и да се одржи младешкиот изглед подолго.
Против бактерии и габи
Есенцијалното масло од кора од Помело исто така може да делува против бактерии и габи. Во една студија, тоа ја забавило прогресијата на бактериите на меките контактни леќи. Друга студија покажала дека ова масло е поефикасно од есенцијалните масла од портокал, лимон или лимета кои ја убиваат габата Penicillium expansum, што може да произведе штетен невротоксин. Есенцијалното масло, се разбира, не треба да се пие. Потребни се дополнителни истражувања за да се докажат антибактериските и антигабичните својства на помелото.
За борба против рак
Помелото може да биде корисно за уништување на клетките на ракот и спречување на нивното ширење. Студија врз глувци покажала дека екстрактот од кора од помело го потиснува растот на туморот, го поддржува имунитетот и ги убива клетките на ракот. Слично истражување се занимавало со уништување на клетките на ракот на кожата кај глувци со помош на екстракт од лисја од помело. Понатаму, лабораториските тестови покажале дека антиоксидантот нарингенин ги убива клетките на ракот на простатата и панкреасот и го забавува ширењето на ракот на белите дробови.
Како да го исчистите за јадење
Пред јадење, помелото треба да се излупи, а тоа се прави како со портокал – исечете го имагинарниот врв на овошјето, а потоа направете неколку засеци во кората со нож, од врвот до дното на овошјето. Сега едноставно излупете ја кората, дел по дел. Како и другите агруми, помелото се дели со белата мембрана на парчиња кои лесно се одделуваат. Јадете го како и неговите роднини – самостојно, во десерти, салати, како сокови.
Фото: Pexels