Како да направите путер од кикирики

Путерот од кикирики е многу лесен за правење и бара многу малку состојки. Овој рецепт е прилично лесен и путерот ќе биде одличен.

0
194

Путерот од кикирики се прави од печени кикирики, а по вкус се додава шеќер или сол. Ова јадење е најпопуларно во Америка кадешто најчесто се јаде во комбинација со џем.

Постојат два вида путер од кикирики, оној со парчиња и мазен. Единствената разлика помеѓу двата типа е само во текстурата. Во 100 грама мазен путер од кикирики има 588 калории, но и многу здрави состојки, затоа внимавајте да не претерувате ако сте на посебна диета.

Путерот од кикирики е неопходен за здравјето

Путерот од кикирики е многу калоричен и заситен, и содржи влакна, но и витамин Е, витамин Б3, витамин Б5 и витамин Б6, како и минерали.

На пр. содржи магнезиум кој е важен за повеќе хемиски процеси во организмот, цинк кој е важен за имунитетот, бакар што овозможува формирање на црвени крвни зрнца и фосфор кој им помага на клетките да произведат енергија.

Путерот од кикирики е богат со здрави масти и е добар извор на протеини. Две лажици содржат 7,02 грама протеини. Затоа многу вегетаријанци ја избираат оваа храна за да ја надополнат својата исхрана. Исто така, путерот од кикирики без додаден шеќер содржи само 20 проценти јаглехидрати.

Исто како и другите јаткасти плодови, и кикириките се добри за намалување на ризикот од срцеви заболувања, рак или предвремена смрт.

Сепак, токму затоа што содржи многу калории, потребно е да се зема во помали количини. Кога се зема правилно, тоа дури помага во одржување на телесната тежина или слабеење затоа што е заситно и тешко е да се изеде премногу. Од друга страна, подобро е да јадете две лажици путер од кикирики отколку некоја помалку нутритивно богата намирница.

Каков вид путер од кикирики да се купи?

Важно е при купување путер од кикирики да се обрне внимание на неговиот состав. Односно, на тоа колкав процент од самите кикирики содржи и дали има шеќер и дополнителна сол. Најдобро е секогаш да се зема оној што содржи што поголем процент кикирики и без дополнителни шеќери, сол или масло.

Додека крцкавиот путер од кикирики содржи парчиња, мазниот нема парчиња, и затоа е нешто полеплив, но нивниот состав е ист.

Најдобар рецепт за домашен путер од кикирики

Путерот од кикирики е многу лесен за правење и бара многу малку состојки. Овој рецепт е прилично лесен и путерот ќе биде одличен.

Состојки:

· 400 гр потпечени кикирики

· 2 лажички сол

· 2-3 лажици масло (најдобро е маслиново)

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете ги кикириките на хартија за печење во тава и печете ги 10 минути или додека не поруменат. Извадете ги од рерна и оставете ги целосно да се изладат.

Ставете ги кикириките во блендер на три до четири минути, или додека не добиете мазна смеса, а потоа додадете масло и сол по желба, па промешајте уште малку додека сè не се соедини.

Вака направениот путер може да стои во фрижидер, во стаклен сад околу две недели.

Фото: Pixabay