Јајцата се наведени како една од најдобрите намирници за првиот утрински оброк. Истражувањата покажуваат дека јадењето јајца го зголемува чувството на ситост, го намалува внесот на калории во следните оброци и помага во одржување на стабилно ниво на шеќерот и инсулинот во крвта.
Антиоксиданси
Јајцата се најдобар извор на холин, хранлива состојка слична на витамините од групата Б, многу важна за здравјето на мозокот и црниот дроб. Понатаму, тие содржат лутеин и зеаксантин, антиоксиданти кои помагаат во спречување на болестите на окото, како што се катаракта и дегенерација на макулата.
Холестерол
Иако се богати со холестерол, јадењето јајца кај повеќето луѓе нема да го зголеми неговото ниво. Напротив, јадењето цели јајца може да помогне во регулирање на т.н. лош (ЛДЛ) холестерол и да го зголеми ХДЛ холестеролот и со тоа придонесуваат за здравјето на срцето. Од три големи јајца ќе добиеме 20 грама многу квалитетни протеини.
Помагаат при слабеење
Американските научници дошле до заклучок дека ако комбинирате нискокалорична диета и јајца за појадок, ќе ја изгубите тежината двојно побрзо. Овој појадок ќе ве засити и ќе ви овозможи да го намалите внесувањето храна во текот на денот.
Фото: Pixabay