Направете домашен намаз со лешници

Замислете си фина домашна нутела која не содржи шеќер. Звучи одлично, нели?

0
340

И самите можете да ја направите оваа здрава верзија на домашен Нутела крем без воопшто шеќер.

Едноставно е и брзо се подготвува.

Потребни ви се само лешници, какао и уште неколку состојки кои сигурно ги имате дома.

Лешниците ќе помогнат за зајакнување на организмот, додека какаото ќе ви го подобри расположението.

Овој намаз можете да го користите со палачинки или за подготовка на колачи.

Состојки за една тегла:

240 гр потпечени лешници
3 лажици мед
3 лажици какао
120 мл оризово млеко (или млеко од овес, кокос, лешник, бадем)
2 лажици арома на ванила
малку сол

Приготвување:

Потпечете ги лешниците во рерна на 180°С, околу 15 минути.

Излупете ги со сува крпа.

Ставете ги прво лешниците во блендер, а потоа и сите други состојки.

Мешајте неколку минути додека не добиете кремав намаз.

Чувајте го во фрижидер додека не го изедете!

Фото: Pixabay