Прокељ со брусница

Оставете ги вашите сомнежи настрана и испробајте го овој одличен рецепт за прокељ

0
253

Со додавање на оцет балсамико и брусница, прокељот ќе стане вашето ново омилено гарнирче. Одлични се за оние кои внимаваат на исхраната или сакаат да ослабнат неколку килограми, полни се со антиоксиданси и лесно се вклопуваат во речиси секое мени.

Состојки:

800 гр прокељ

2 лажици маслиново масло

1 лажица оцет балсамико

½ лажичка сол

50 г суви брусници

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Измијте ги главичките прокељ и исечете ги на половина. Попрскајте ги со маслиново масло, оцет и сол. Промешајте и префрлете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете 15 – 20 минути. Додадете ги брусниците, промешајте и печете уште неколку минути.

Фото: Pexels