Руска шарлотка од јаболки

0
709

Состојки:

5-6 поголеми јаболки

3 јајца

200 г шеќер

125 г брашно

Цимет

1-2 кесички ванилин шеќер

Шеќер во прав

Приготвување:

  1. Вклучете ја рерната на 170C, а дното од тркалезниот калап прекријте го со хартија за печење или добро подмачкајте го со ладен путер.
  2. Јаболките излупете ги, исчистете ги семките и исечете ги на коцкички со средна големина и наредете ги директно во приготвениот калап за печење (со пречник 23 цм)
  3. Потоа изматете ги јајцата и шеќерот додека не станат пенливи
  4. Додадете 1-2 кесички ванилин шеќер и брашно и се добро измешајте. Смесата ќе биде прилично густа. Истурете го тестото врз јаболката и печете околу 60 минути. Кога ќе биде готов оставете да се подизлади 10-тина минути, а потоа превртете го врз чинија за послужување такашто јаболката ќе дојдат одозгора. Поросете со шеќер и со цимет во прав.