Три појадоци што ќе ви го забрзаат метаболизмот, а готови се за 5 минути

Треба да го исполниме нашето тело со енергија наутро за да може подобро да функционира во текот на денот, а докажано е дека заради појадокот, во текот на денот посакуваме помалку закуски и помалку јадеме.

0
585

Метаболизмот е процес кој ја помага и потрошувачката на калориите, а интересно е и тоа што повеќето калории се трошат додека се одморате. Кога нема нови калории за консумирање – телото се свртува кон веќе сочуваните маснотии во организмот и метаболизмот се забавува за да не троши премногу енергија и затоа прескокнувањето оброци, особено наутро, е спротивно на она што го сакаме за нашето тело и тежина.

Следните идеи за појадок, кои можете да ги подготвите за само пет минути, ќе го забрзаат метаболизмот, ќе поттикнат поголема потрошувачка на калории и ќе влијаат на побрзо слабеење.

Јогурт со бобинки

Состојки:

250 дцл јогурт
125 грама шумско овошје
лажица сок од лимон и малку изрендана кора од лимон
лажичка сечкано нане

Приготвување:
Во сад измешајте јогурт, лимон, рендана кора од лимон и мед и додадете диви бобинки и нане

Состојките на оваа комбинација носат одлични вкусови за добро утро, а исто така ќе ви го „исцедат“ стомакот.
Нането ги стимулира ензимите за варење кои ги претвораат маснотиите од јогуртот во енергија.
Лимонот, како што е веќе добро познато, содржи витамин Ц, но она што можеби не го знаете е дека витаминот Ц е антиоксиданс за кој се смета дека ја забрзува потрошувачката на калории до 25 проценти.

Зелена кајгана
Состојки:

2-3 јајца
1 лажичка путер
1 лажица свежо пиперче
2 лажици свеж магдонос
2 лажици босилек

Приготвување:
Исечкајте ги свежите зачини, па изматете ги јајцата, зачините, сол и црн пипер. Ставете лажичка путер на тавата и почекајте да се стопи. Додадете ја мешавината од јајца и зачини и мешајте до посакуваната текстура, но не треба да трае подолго од 1 минута.

Жолчката во јајцето содржи есенцијална хранлива состојка холин, која е потребна за да се создаде еден од најважните невротрансмитери – ацетил холин. Важно е за РЕМ сонот, за учење и моторни активности, како и за контрола на срцевиот ритам.
Едно јајце обезбедува околу 125 мг холин, што е третина од вкупната дневна потреба.
Свежите зачини повторно содржат витамин Ц, што ќе го зајакне вашиот имунитет.

Есенска овесна каша од јаболко
Состојки:

125 грама овесни снегулки
250 мл млеко (пијалок) од бадеми со ванила
половина лажица комбинација на зачини – цимет, морско оревче, мирудии и ѓумбир
половина јаболко
половина лажичка кафеав шеќер или уште подобро, мед

Приготвување:

Во сад измешајте исечено јаболко, зачини, шеќер и малку сол. Покријте го садот со фолија и дупнете неколку дупки за да може да излезе пареата. Оставете во микробранова печка две минути, или додека јаболкото не омекне. Додадете млеко и овесни снегулки, промешајте и оставете да отстои преку ноќ. Ако не сакате да јадете ладно, следниот ден можете повторно да го загреете во микробранова печка за една или две минути.

Освен што оваа комбинација ќе ви го даде вистинскиот вкус на есента, односно на пита со јаболка, таа содржи состојки кои се добри само за вашето здравје.
Циметот е одличен за одржување на рамнотежата на шеќерот во крвта, има антиинфламаторни и антитуморни својства.

Фото: Pixabay