Направете свој природен антибиотик (РЕЦЕПТ)

Ако ниту еден вирус не може да ве заобиколи, а не сакате да земате лекови, има решение - можете сами да направите природен антибиотик 

0
217

Ако често сте подложни на настинки, вируси и разни воспаленија, време е да внесете вистинска природна „бомба“ во вашето тело, што ќе го зајакне вашиот имунитет. Што е најважно, можете сè да направите сами.
Многумина веруваат дека комбинацијата од овие седум моќни состојки од природата му дава на телото сила да се одбрани од опасни болести.

Состојки:

1 лажица куркума

2 лажици јаболков оцет

1/2 лажица рендан лимон

прстофат црн пипер

1/2 лажица рендан лук

1/2 лажица рендан ѓумбир

100 г мед

Приготвување:

Ставете ги сите состојки освен медот во тегла, а потоа додадете го и медот. Измешајте ја смесата и чувајте ја теглата на суво и темно место. За целосен ефект, треба да земате една лажица на ден, а најдобро е да го правите тоа наутро, на празен стомак.

Фото: Unsplash