Започнете го денот со смути со лимон. Тврдењето дека појадокот е најважниот оброк во денот не е само мит. Храната со која го започнувате денот ја одредува брзината со која ќе работи вашиот метаболизам. Кога подготвувате утринско смути, не заборавајте да додадете малку сок од лимон или парче лимон без семки.
Зачинете ја храната. Речиси секое јадење може да биде повкусно ако додадете сок од лимон во него. Додадете го во сосови, преливи, чорби, десерти.
Направете тоник. Ако на вашето тело му треба детоксикација, овој тоник е ефикасно и брзо решение. Измешајте сок од еден лимон, половина лажичка мед, малку црн пипер, лажица јаболков оцет и прелијте сè со ладна вода. Земете го овој пијалок наутро.
Направете прелив за салата. Направете свој прелив за салата мешајќи сок од лимон, малку мед и маслиново масло.
Направете паста. Можете исто така да ја негувате кожата и да се ослободите од неправилностите со помош на лимон. Измешајте малку сок од лимон и куркума во прав, нанесете ги на кожата и кога ќе се исуши исплакнете се. Кожата ќе биде мазна и сите неправилности ќе исчезнат.
Пијте вода со лимон. Чаша вода со додаток на сок од лимон е одлична за детоксикација и варење. Освен лимон, во водата можете да додадете неколку тркалца од краставица за уште подобар ефект.
Чудесна мешавина од лимон и ѓумбир. Лимонот и ѓумбирот во комбинација даваат одлични резултати кога станува збор за детоксикација. Исцедете два лимона и додадете 2 сантиметри рендан корен од ѓумбир во сокот. Овој лековит напиток го зајакнува имунитетот и лечи настинки и грип.
Пијте шолја чај со лимон. Без разлика кој чај од билки ќе го пиете, лимонот секако ќе додаде уште подобар вкус, но и повеќе лековити материи.
Фото: Pexels