Резултатите од повеќе истражувања покажале дека двојките кои сакаат да имаат деца треба да го вклучат прокељот во нивната исхрана.
На прво место, прокељот содржи многу фолна киселина, што може да ја зголеми плодноста и кај мажите и кај жените. Овој зеленчук, богат со витамини, може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да ѝ обезбеди на матката оптимални услови за опстанок на спермата, вели Нима Савидес, нутриционистка од Клиниката за плодност Харли Стрит.
„Исто така, фолната киселина може да го намали ризикот од спонтан абортус и деформација на фетусот“, додава Савидес.
Прокељот содржи и фитонутриент наречен ди-индолиметан, кој одржува оптимална рамнотежа на естрогенот во телото на жените.
Фото: Pixabay