Состојки:
1 јајце
4 лажици гриз (ако ви изгледа дека е смесата уште течна, можеби ќе треба да додадете уште една лажица гриз)
2 лажици маслиново масло
сол
ние ставивме и малку копар
Приготвување:
Измешајте ги состојките и оставете ја малку смесата да постои. Ако ви се гледа дека е се уште течна, додадете ја и петтата лажица гриз.
Спуштајте ги кнедлите во зовриена супа. Нека вријат 3-4 минути, а потоа ставете капак, исклучете ја ринглата и оставете да постојат 10-15 минути.