Одличен трик за најкрцкав помфрит без пржење

Ако сакате вкусни прилози од компир, за овој трик со помфритот потребни ви се црвени компири, сол, маслиново масло и зачини по ваш избор.

0
597

Совршениот помфрит честопати го поврзуваме со пржење во длабоко масло, еден куп сол и не важи баш за здрава храна, иако на сите им се допаѓа.

Ако сакате вкусни прилози од компир, за овој трик со помфритот потребни ви се црвени компири, сол, маслиново масло и зачини по ваш избор.

Прво, исечете ги компирите на стапчиња, натопете ги во ладна, добро посолена вода и оставете ги пет минути. Потоа вклучете го шпоретот и откако ќе зоврие водата, варете две минути.

Добро исцедете го компирот, а во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.
Наредете го помфритот на плехот, прелијте со малку маслиново масло, зачинете го добро и печете околу 25 минути, додека не стане крцкаво, а краевите златно жолти.

Фото: Pixabay