Како тиквата ни го јакне имунитетот?

Покрај костените и јаболките, тиквите се едни од најпознатите есенски плодови. Покрај тоа што се совршени за крем супи и покрај тоа што ни даваат прекрасни семки за грицкање, тиквите имаат и многу здравствени придобивки, а се убави и како украс.

0
277

Не е важно кој тип на тиква ќе изберете, бидејќи сите тие содржат фолати, влакна, манган и рибофлавин, како и многу други хранливи материи кои се од голема важност за општото здравје на луѓето. Еве пет добри причини зошто треба да јадете што повеќе тикви и да го зајакнете сопствениот имунитет.

Витамин А. Само една шолја пире од тиква содржи дури осум пати повеќе од препорачаната дневна доза на витамин А, кој освен што го штити видот и здравјето на очите, има големо влијание и на зајакнување на имунитетот. Изедете парче тиква и не мора да се грижите за настинки и грип.

Апсорбирачки влакна. Истата шолја пире од тиква што ја споменавме содржи над 25 проценти од дневната доза на влакна. Постојат два вида на растителни влакна, абсорбентни и не-абсорбирачки, а првиот со кој е пребогата тиквата, игра многу важна улога во зајакнувањето на имунитетот, бидејќи тие го стимулираат и помагаат во одбрана на организмот од инфекции.

Фолати или фолна киселина се витамини од групата Б кои се многу важни за имунитетот, а една шолја пире од тиква содржи една третина од препорачаната дневна доза. Најновите истражувања покажаа дека ослабениот имунитет може да биде последица на недостаток на фолна киселина во организмот. Фолната киселина е позната и како многу важен додаток за бремени жени затоа што го стимулира правилниот раст и развој на фетусот.

Манган. Тиквата содржи 18 проценти од препорачаната дневна доза манган според Светската здравствена организација. Манганот му помага на телото да гради клетки кои се борат против слободните радикали и го поттикнуваат нормалниот раст на клетките во телото. Многу е важно да не внесувате премногу манган во организмот бидејќи тоа може да предизвика невролошки проблеми.

Рибофлавин. Рибофлавинот е исто така витамин Б кој му помага на организмот во борбата против лошите бактерии, а една порција пире од тиква содржи осум проценти од потребната дневна количина. Комбинирајте ја тиквата со друга храна богата со рибофлавин како спанаќ или бадеми.

Фото: Pexels