Овој природен напиток од банана е добар за мирен сон. Обидете се и пробајте, па ако и не ви помага, дефинитивно е вкусно. Ако сакате, можете да додадете половина лажичка цимет или лажичка мед во шолја чај за уште подобар вкус.
Како се подготвува чајот:
Земете банана и не ја лупете. Секако, претходно треба добро да ја измиете. Исечете ги рабовите. Потоа ставете ја во 1/2 л зовриена вода и нека се вари 10 минути. После тоа, извадете ја бананата, а чајот е подготвен за пиење кога ќе се олади.
Ако има некоја природна храна што може да биде алтернатива на апчињата за спиење, тогаш тоа би била бананата. Магнезиумот што го содржи ги релаксира мускулите и со тоа го смирува организмот.
Фото: Unsplash