Кога градот ќе замириса на печени костени, кој може да им одолее

Знаеме дека есента е незамислива без нив, но она што не го знаеме е што сѐ може да направи за нашето тело

0
147

За разлика од повеќето други јаткасти плодови, костените имаат малку протеини или масти и главно содржат сложени јаглехидрати. Костените се богати со витамини и минерали. Само 10 печени костени вклучуваат 17% од она што му е на организмот потребно за еден ден:

70 калории
0,6 г вкупни маснотии
15 г јаглехидрати
1,4 г диетални влакна (5%)
3 г шеќер
0,9 г протеини
витамин Ц 12%
витамин Б6 5%
бакар 7%
манган 17%
калиум 4%
магнезиум 2%

Сложените јаглехидрати со кои се богати костените, даваат енергија

Додека бадемите и кикириките содржат протеини, костените главно содржат сложени јаглехидрати, кои телото полека ги вари со стекнување стабилен извор на енергија. Храната богата со растителни влакна и сложени јаглени хидрати, исто така, имаат добар ефект врз шеќерот во крвта, намалувајќи ги потенцијалните скокови, наведува Harvard TH Chan School of Public Health Nutrition Source.

Костените се, на изненадување за многумина, исто така богати со витамин Ц. Иако е попознат по зајакнување на имунитетниот систем, витаминот Ц ја поддржува регенерацијата на крвните садови, ‘рскавицата, мускулите и колагенот низ целото тело. Антиоксидансот, исто така, ги штити вашите клетки од штетните ефекти на слободните радикали и помага при апсорпција и складирање на железо.

Костените имаат многу здравствени придобивки

Го стимулираат имунолошкиот систем
Ја зголемуваат густината на коските
Го регулираат варењето на храната
Ја подобруваат функцијата на мозокот
Го контролираат крвниот притисок
Го подобруваат здравјето на срцето

Бакарот помага во создавање црвени крвни клетки

Како и витаминот Ц, овој минерал во трагови го поддржува здравјето на крвните садови, нервите, имунолошкиот систем и коските и помага во апсорпцијата на железо. Приближно 10 печени костени обезбедуваат 21% од препорачаната дневна доза на потребни минерали и витамини.

Костените одат добро со речиси сите омилени вкусови на есента и зимата, вклучувајќи ги јаболката, зелката, прокељот, мисиркиното и свинското месо, со жалфија, мајчина душица и печурки.

Фото: Unsplash