Супер намирница за дијабетичари и корисни совети за приготвување

Да се ​​живее со дијабетес не е лесно бидејќи бара внимателно планирање, постојано следење и ограничувања во исхраната. Сето тоа е исцрпувачко дали ви дијагностицирале дијабетес вчера или живеете со него со години. Но, кога знаете каква храна можете да консумирате без страв, животот станува поедноставен.

0
252

Гравот е една од најдобрите намирници за дијабетичари затоа што содржи многу протеини и растителни влакна и може да се подготви на различни начини такашто е лесно да се вклучи во секојдневната исхрана.

Некои од супермоќите што ги има гравот е тоа што го намалува нивото на гликоза во крвта, го намалува холестеролот и помага при слабеење, а сето тоа е потребно за дијабетичарите, како и за луѓето кои сакаат да се хранат здраво. Иако и конзервираниот и зготвениот грав се карактеризираат со овие здравствени придобивки, сушениот грав е одличен извор на калиум, калциум, фолати и други витамини од групата Б. Со други зборови, гравот е тотален погодок.
Освен грав, на дијабетичарите им се препорачува редовно да консумираат и други мешунки како што се леблебија и леќа, бидејќи, како и гравот, иако содржат јаглехидрати, тие имаат низок гликемиски индекс. Истражувањата сугерираат дека конзумирањето мешунки навистина може да има терапевтски ефект. Во студија објавена во Archives of Internal Medicine, луѓето со дијабетес тип 2 конзумирале една чаша мешунки дневно како дел од внесот на јаглени хидрати во период од три месеци. Во споредба со другите учесници во студијата, секојдневните консументи на мешунки покажале поголемо намалување на хемоглобинот и намалување на крвниот притисок.

Совети: Гравот е едноставен начин да ги задоволите вашите дневни потреби од растителни влакна (25 грама за жени, 38 грама за мажи). Можете да го користите во супи, чорби, салати или кашички. Конзервираниот грав може да содржи премногу натриум или шеќер. Затоа, побарајте од оној што не содржи шеќер, а доколку има премногу натриум, исплакнете го пред консумирање.

Фото: Pixabay